Меркур

Меркур — најмалата и најблиската планета до Сонцето од осумте планети во Сончевиот систем, со орбитален период од околу 88 Земјени денови. Гледана од Земјата, наликува како да се движи во својата орбита за околу 116 денови, што е многу побрзо од другите планети во Сончевиот систем. Нема познати природни сателити.Планетата е именувана според римското божество Меркур, гласникот на боговите.
Бидејќи скоро и да нема присуство на атмосфера која би ја задржувала топлината, Во афел, Меркур е на растојание 1,5 пати поголемо од растојанието кога е во перихел. Меркуровата површина е ишарана со кратери и е слична со онаа на Месечината, што укажува дека истата не била геолошки активна со милијарди години.

Планета Меркур


Меркур е гравитационо сврзан и се врти на начин кој е единствен во Сончевиот систем. Гледан релативно во однос на неподвижните ѕвезди, и се врти околу својата оска точно три пати за секој два орбитални периоди околу Сонцето.Гледано од Сонцето, во појдовниот систем кој се врти со орбиталното движење, изгледа како да се врти еднаш на секои две Меркурови години. Па така набљудувач на Меркур тогаш би видел само еден ден на секои две години.До почетокот на 20 век Меркур им создавал проблеми на астрономите, бидејќи неговата орбита не можела да се објасни со помош на Њутновата механика. Постоеле мали, но недозволливи разидувања меѓу пресметаните и набљудувание резултати. Еден можен одговор кој бил во оптек во тоа време бил дека постои уште една планета која орбитира уште поблиску до Сонцето - планетата Вулкан (дури и добила име пред да биде откриена). Сепак вистинскиот одговор го дал Алберт Ајнштајн со општата теорија на релативноста, која потполно го објаснувала движењето на Меркур без никакви непостоечки планети. Движењето на Меркур бил првиот практичен доказ за Општата теорија на релативноста.

Споредба меѓу Меркур и Земјата


Comments

Popular posts from this blog

Нашата планета Земја

Вселена

Сонце-нашата ѕвезда