Вселена

Вселена — сеопштост на просторот и објектите во него во астрономска смисла. Делот од вселената кој може да се види или испита обично се нарекува метагалаксија (видлива вселена). Поради тоа што ширењето на вселената е многу поголемо од нејзиниот краен досег на набљудување, космолозите сметаат дека е неможно да се следи нејзиното ширење.
Во терминологијата на физичката космологија, вселената се смета за конечен или бесконечен временски простор во кој е сместена целата материја и енергија. Некои научници ја поддржуваат теоријата дека вселената е дел од многубројни други вселени.Галаксиите се основен елемент на вселената. За сите вселенски објекти карактеристично е тоа што растојанието меѓу нив е многу поголемо од димензиите на самиот објект. Во случајот на галаксијата тоа изгледа отприлика вака: Ако замислиме дека големината на една галаксија е колку големината на паричка од 1 денар, средното растојание помеѓу галаксиите би изнесувало 1 метар. Меѓугалактичкиот простор практично е исполнет само со зраци кои зрачат од ѕвездите во галаксиите, како и со извесни количества од многу разреден меѓугалактички гас.Вселената почнува да се шири во одредени моменти од минатото, тоа ширење морало да почне од состојби во кои густината на материјата била многу голема. Во почетниот момент на оваа фаза на ширење морало да се одигра некој процес во кој материјата почнала од некои нивоа кои и денес ги запазуваме. Тој процес го нарекуваме голема експлозија. Одредени теории говорат дека големата експлозија се случила пред околу 15 000 000 000 години.
Уште една важна особина на вселената е нејзиниот елементарен состав. Огромен експериментален материјал сведочи декамасата на вселената е составена 70% од водород, 30% хелиум и само околу 1% од сите останати елементи заедно. Да спомнеме и дека конечната брзина на светлината во сите заеднички делувања има неизбежна последица. Гледајќи ја иднината на вселената, ние всушност го гледаме минатото!

Осумте планети во нашиот Сончев Систем



Comments

Popular posts from this blog

Нашата планета Земја

Сонце-нашата ѕвезда