Нашата планета Земја

                         

Земјата — една од осумте планети во Сончевиот систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еден природен сателитМесечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот.По големина, земјата е петта во сончевиот систем. За разлика од некои други планети, земјата не е гасовит џин, каква што е Јупитер на пример. Земјата има цврста површина како и МеркурВенера и Марс, од кои земјата е најголема, со најголема густина, најсилна гравитација и најсилно магнетно поле. Генерално, земјата се состои од атмосферабиосферахидросфера и нејзините внатрешни градби под површината.

Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од зрачење (штетно по живите суштества кои ја населуваат земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до земјената површина.

Единствениот познат сателит на земјата, Месечината, почнала да кружи околу земјата пред 4,53 милијарди години. Денес, земјата прави круг околу сонцето на секои 366,26 кругови кои ги направила околу својата оска (што е еднакво на бројката од 365,26 сончеви денови). Земјината оска се наоѓа под агол од 23,5°[2] што е последица за менувањето на годишните времиња на Земјината површина.вода. Земјата е единствена планета во сончевиот систем каде што водата може да остане во течна состојба. Останатите 29% се континентите и островите. Земјината површина е многу променувана во текот на многу милиони години, а причина се тектонските движења.
Атмосферските услови се значајно променети одкако настанал животот на планетата и ни создава еколошка рамнотежа која ги модифицира условите на површината на земјата. Околу 71% од Земјината површина е покриен со 
Земјата, исто така реагира и на надворешниот свет во одредени мери. Нејзиниот релативно голем сателит, Месечината, влијае на плимата и осеката, го стабилизира променувањето на степенот на Земјината оска со што постепено ја менува должината на ротациониот период на земјата. Дождот од комети, во периодот по настанувањето на земјата, одиграла голема улога во настанувањето на океаните. Покасно, сударите со астероидите предизвикале значајни промени во Земјината површина.Земјината атмосфера има повеќекратна улога. Таа ја штити земјата од помали метеори така што предизвикува нивно целосно согорување пред тие да стигнат до површината на земјата. Азотот и кислородот во атмосферата, заедно со Земјиното магнетно поле, ја штитат земјата од зрачењето кое би било смртоносно. Земјината атмосфера нема точно одредена граница, бидејки како што поминува времето таа станува се побледа и поретка. Атмосферата ја сочинуваат повеќе слоеви, а се протега на повеќе од 100 км над површината. Нејзе ја сочинуваат: 78% азот, 21% кислород, 0,93% аргон, 0,03% јаглерод диоксид и мали количини на водена пареа и други гасови[22]. Слоеви на атмосферата:
  • тропосфера (до височина од околу 12 км) е најнискиот и најгустиот дел од атмосферата во кој се одвиваат сите временски појави. Во овој слој температурата опаѓа во зависност од висината. Содржи голема количина на водена пареа.
  • стратосфера (до височина од околу 50 км) содржи озон кој не штити од штетните зрачења во вселената. Во пониските слоеви, температурата е постојана, а во повисоките се зголемува. Ветровите кои дуваат во стратосферата достигнуваат брзина од неколку стотини км/ч.
  • мезосфера (до височина од околу 85 км) е слој во кој се случува нагло опаѓање на температурата.
  • јоносфера или термосфера (до височина од околу 500 км) содржи јони, наелектризирани честички. Во овој слој на атмосферата, под влијание на сончевиот ветер, се создава поларна светлина. Температурата се накачува се до височина од 400 км.
  • егзосфера. Егзосферата е прелазен прстор кон вакуумот. Таа е слој со многу разредени гасови и се простира на височина од над 500 км.

    Внатрешна градба на Земјата


Орбита и ротација


Слично како и Марс, релативно во однос на ѕвездите, на земјата и е потребно во просек 23 часа, 56 минути и 4.091 секунда за ротација околу оската (ротационен период или ѕвезден ден) која ги спојува северниот и јужниот пол.

Земјата кружи по патеката на својата орбита околу сонцето за 365.2564 (револуција) главни ѕвездени денови и се наоѓа на просечна оддалеченост околу 150 милиони километри (93.2 милиони милји) од сонцето. Насоката на револуцијата на Земјата околу сонцето е спротивна од насоката на стрелките на часовникот, односно насоката на кружење на земјата околу сонцето е спротивна од насоката на кружење на сонцето околу својата оска.
Изместувањето од 23,5°, наречено „осен наклон“ предизвикува поголемо загревање и подолг ден, во текот на годината, на едната или на другата хемисфера што предизвикува циклични промени на годишните времиња.

Земјината ротација околу својата оска

Comments

Popular posts from this blog

Вселена

Сонце-нашата ѕвезда