Стивен Хокинг

Стивен Вилијам Хокинг, (англискиStephen William Hawking; роден на 8 јануари 1942) е англиски теориски физичар и космолог чии научни книги и јавни појавувања го направија академски позната личност. Тој е почесен пријател на кралското друштво на уметности,доживотен член на пaпската академија на науките и во 2009 е награден со претседателски медал на слободата, највисоката цивилна награда во САД.Хокинг 30 години бил професор на математичката катедра во Кембричкиот универзитет, превземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври, 2009. Сега тој е директор на истражувачкиот центар за теориска космологија во одделот за применета математика и теориска физика на Кембричкиот универзитет. Тој е познат по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација, особено во контекс на црните дупки. Исто така, тој се здобил со успеси за неговата работа во полето на популарната наука во која тој генерално дискутира за неговите теории и космологијата.Хокинг има лателарна амиотропкса склероза што е поврзано со амиотрофична латерална склероза, состојба која се развила со текот на годините и го направила скоро целосно парализиран.

Истражувања

Полето на истражување на Хокинг е во доменот на теориската космологија и квантната гравитација.Хокинг, исто така, по анализа на емисијата на гама зраците која се случила по Големата експлозија, сугерирал дека биле формирани мини црни дупки. Со Брендон и Картер тој ги предложил четирите закони за механизмот на црните дупки, изработувајќи аналогија со термодинамика. Во 1974 тој пресметал дека црните дупки треба термички да создадат и емитуваат субатомски честички, кои денес се познати како Бекенстеин-Хокинг радијација, се додека не ја исрошат својата енергија и да испарат.На предавање во универзитетот Џорџ Вашингтон во чест на педесет годишнинаната на НАСА, Хокинг го теоризирал постоењето на вонземски живот, верувајќи дека „примитивниот живот е многу чест, додека пак интелигентниот живот е далеку поредок.Хокинг посочил дека е скоро сигурен дека вонземски живот постои во други делови од универзумот и употребил математичка основа за неговите претпоставки. „Во мојот математички мозок, самите броеви совршено рационално размислуваат за вонземјани“. Вистинскиот предизвик е да се дознае како уствари вонземјаните би изгледале.“ Тој верува дека вонземскиот живот не постои само на планети туку можеби и на други места, како на ѕвезди или пак во други вселени. Тој, исто така, предупредува дека некои од овие видови би можеле да бидат екстремно интелегентни и дека претставуваат опасност за Земјата. Контакт со таквите видови би можел да биде катастрофален за чoвештвото. Тој рекол: „Доколку вонземјаните не посетат, резултатот ќе биде скоро ист како и кога Колумбо стигнал во Америка, што и не се покажало добро за домородните Американци“. Хокинг се залагал за тоа, наместо да се обидуваме да воспоставиме контакт со нив, луѓето да го избегнуваат контактот со вонземските животни форми.

Comments

Popular posts from this blog

Нашата планета Земја

Вселена

Сонце-нашата ѕвезда