Марс

Марс е четвртата планета од Сонцето со просечна оддалеченост од 227.940.000 км (1,52 АЕ).Таа е наречена црвена планета. Дијаметарот ѝ е 6794 км (речиси двојно помал од тој на Земјата), и е седма планета според големината. Марс (грчкиАрес) е бог на војната. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, а понекогаш се нарекува и црвената планета.
Првото вселенско летало кое го посетило е „Mariner 4“ во 1965, по што следела уште серија други меѓу кои и Mars 2, првата сонда која слетала на Марс. Други поуспешни мисии на Марс се двете летала Viking од 1976, како и Mars Pathfinder од 1997.Орбитата на Марс е значително елиптична. Тоа резултира со промена на температурата од 30 °C во апхел и перихел.  Иако Марс е многу помал од Земјата, копнената површина му е приближно иста како на Земјата (заради водените површини на Земјата).
Освен Земјата, Марс е има најразнолик и најинтересен релјеф од сите планети од земјин тип. Поинтересните области се:
  • Олимп (Olympus Mons): највисоката планина во Сончевиот систем, 21 км над околната рамнина. Основата му е над 500 км во дијаметар, обиколена со гребен висок 6 км.
  • Тарсида (Tharsis): висорамнина долга 4000 км и висока 10 км.
  • Маринерски Долини (Valles Marineris): систем од клисури е долг 4000 км и длабок 2-7 км.
  • Елада (Hellas Planitia): кратер од удар на метеор во јужната полутопка длабок преку 6 км и 2000 км во пречник.
Поголемиот дел од површината на Марс е стара и исрешетана од удари на метеори, но исто така има и многу новосоздадени долини, планински масиви и рамнини. Јужната полутопка е воглавно составена стари планини изрешетани со кратери од метерои, налик на релјефот на Месечината. Но северната полутопка е сосема различна, содржи рамнини кои се создадени во блиското минато, пониски се и имаат многу посложена историја. Причината за ваквата разлика во релјефот на северната и јужната полутопка не е позната.
Во 2015 година било објавено дека конечно е решена мистеријата на синиот гигантски кратер на Марс, со површина на Калифорнија и Тексас заедно. Долго време, овој кратер ги збунувал научниците со својот необичен изглед, кој не е карактеристичен за останатите кратери што настанале од удар на метеори. Имено, за разлика од обичните кратери кои имаат рамни ѕидови, оовј кратер има тераси на своите ѕидови. Али Брамсон од Универзитетот на Аризона понудил објаснување според кое станува збор за огромна плоча мраз, дебела 40 метри.

Анимација во која се прикажани главните одлики на Марс


Comments

Popular posts from this blog

Нашата планета Земја

Вселена

Сонце-нашата ѕвезда