Венера

Венера — планета во Сончевиот систем. Таа е втората по близина планета до Сонцето коешто го обиколува за 224,7 земјини денови. По Месечината, таа е вториот најсјаен објект кој може да се види на ноќното небо. Максималната видливост планетата ја има пред изгрејсонце и малку по зајдисонцето. Затоа, често се именува како утринска ѕвезда или ѕвезда-вечерница.
Името на планетата „Венера“ доаѓа од името на Римската божица на љубовта – Венера. Исто така, многу од нејзините географски карактеристики ги носат имињата на мистични и славни жени од историјата.Венера е една од четирите земјовидни планети, што значи дека исто како и Земјата таа е камено тело. Во големина и маса е приближна како и Земјата и често се идентификува како нејзина сестра близначка. Дијаметарот на Венера е само 650 km помал од оној на Земјата, а нејзината маса е 80% од земјината. Сепак има голема разлика во атмосферите на двете планети. Атмосферата на Венера е исполнета со јаглерод диоксид, за разлика од Земјата.
Венера е многу топла бидејќи сета топлина што ќе ја прими од сонцето не оди нагоре, туку се собира во атмосферата. За тоа зборува прикажаната слика. Венера од Сонцето е оддалечена околу 108,2 милиони km. Има пречник од 12.104 km. Просечната температура изнесува 480 °C. Едно деноноќие трае 117 земјини денови, една година трае 225 земјини денови. Венера нема природни сателити.Венера околу Сонцето се завртува за 224,7 дена а околу својата оска се завртува за 117 дена. Венера се движи спротивно од правецот на кој се движат останатите планети од Сончевиот систем. Гледано од површината на Венера, Сонцето изгрева на запад, а заоѓа на исток.[6] Хемијата на Венера ја крши постоечката теорија за формацијата на планетите. Горната атмосфера на Венера ја карактеризира екстремен ветар, побрз од ротацијата, а мирниот долен слој на атмосферата покажува постојани молњи. Планетата е покриена со сто илјади вулкани кои потполно ја измениле површината на планетата во поновиот геолошки период.

Планета Венера



Comments

Popular posts from this blog

Нашата планета Земја

Вселена

Сонце-нашата ѕвезда