Месечина
Месечината е единствениот природен сателит на планетата Земја и најблиско небесно тело до неа. Просечното растојание од Земјата до Месечината изнесува 384.400 км, така што светлината од Месечината до Земјата пристигнува за 1,25 секунди.Се смета дека Месечината настанала пред околу 4,5 милијарди години, по судир на комети. При ударот била исфрлена голема количина материјал во Земјината орбита од кој бил обликувана Месечината. Таа и релјефно е многу интересно небесно тело.
Првиот цртеж на Месечината го направил Галилео Галилеј во 1609 година. Најниските подрачја на Месечината се огромни сиви површини кои понекогаш можат да се забележат и со голо око. Тие рамници во 1651 година Џовани Ричоли (1598-1671) ги нарекол мориња, иако во нив нема вода. Овие мориња не се еднолични рамници, бидејќи во нив се забележуваат набори, кои понекогаш личат на ѕидови, долги по неколку стотини километри, и пукнатини, кои личат на речни корита. По рабовите на рамниците се протегаат големи планински венци, кои носат имиња на планините на Земјата (Алпи, Апенини, Пиренеи, итн.). Највисоката точка на Месечината се наоѓа на планините Лајбниц (Leibniz), кои се наоѓаат на месечевиот јужен пол, каде некои врвови достигнуваат и 9.000 метри.Месечината околу Земјата се движи по елипсеста патека со просечна брзина од 1,02 км/сек, и поминува дневен лак од 13 степени и 10 минути. Едно цело свртување околу Земјата прави за 27 денови, 7 часа и 11,5 секунди[1], што се нарекува сидерички месец. Месечевата патека е подложна на силни температурни вибрации што ги предизвикува Сонцето, па наклонот на патеката спрема еклиптиката во текот на 173 денови се менува од 5 степени до 5 степени и 18 минути.
Месечеви мени
Поради постојаното менување на положбата во однос на Сонцето и Земјата, Месечината е различно осветлена, па затоа од Земјата можат да се забележат различни месечеви мени, од кои покарактеристични се четири:
- млада Месечина (Месечината е невидлива, освен за веме на замрачување на Сонцето);
- прва четвртина (Месечината е видлива навечер, и заоѓа на полноќ)
- полна Месечина (Месечината е видлива преку цела ноќ);
- последна четвртина (Месечината се појавува на полноќ и е видлива до излегувањето на Сонцето).
Инаку, сите месечеви мени се: Млада Месечина, Прва фаза (новина), Прва четвртина, Последна фаза на осветлување, Полна Месечина, Прва фаза на затемнување, Последна четвртина, Последна фаза на затемнување.
Времето на движење на Месечината околу Земјата се нарекува лунарен т.е. синодички месец[2] или лунација. Бидејќи на Месечината и се потребни 29 дена, 12 часа, 44 минути и 2,8 секунди да го заврши своето движење околу Земјата, времето од еден со следниот месечев месец варира меѓу 29 и 30 дена, а бидејќи во соларната година има 12 лунации, овој период се нарекува уште и лунарна година. Доколку се земат предид овие бројки при пресметување на 12 месеци во текот на една година, тогаш годишниот збир на денови во годината би изнесувал 354 дена, што е за 11 или 12 дена помалку од деновите во тропската или соларна (сончева) година.
Приказ на месечевите мени |
Comments
Post a Comment