Јупитер
Јупитер — петтата планета од Сонцето и убедливо најголема во Сончевиот систем. Покрај Јупитер има уште три гасни џинови во сончевиот систем - Сатурн, Уран и Нептун.Јупитер е најчесто четвртиот најсветол објект на небото (после Сонцето, Месечината и Венера); со тоа што понекогаш Марс може да биде посветол.Јупитер е 2.5 пати помасивен од сите други планети заедно, до толку што неговиот центар на маса со Сонцето всушност лежи над сончевата површина (1.068 соладни радии од центарот на сонцето). Тој е 318 пати помасивен од Земјата, со дијаметар 11 пати поголем од земјиниот, и со волумен 1300 пати поголем од земјиниот. Природно, Јупитеровото гравитационо влијание доминирало во еволуцијата на сончевиот систем: мнозинството од планетарните орбити лежат поблизу до Јупитеровата орбитална рамнина отколку до сончевата екваторијална рамнина, мнозинството кратко-временски комети припаѓаат на Јупитеровата фамилија (резултат од Јупитеровата маса и релативната брзина), Кирквудовите дупки во астероидниот појас во најголема мера се предизвикани од Јупитер, дури и се смета дека е можно да е одговорен за касното тешко бомбардирање на внатрешноста на сончевиот систем. Некои го опишуваат сончевиот систем како Сонцето, Јупитер и останатите парчиња. Некои го опишуваат Јупитер како правосмукалка на сончевиот систем поради огромната гравитациона сила.Јупитеровата атмосфера е составена од ~81% водород и ~18% хелиум, сметано по број на атоми. Атмосферата содржи траги од метан, водена пара, амонјак, и "карпи". Има истотака, траги од јаглен, етан, водороден сулфат, неон, кислород, фосфин, и сулфур. Најнадворешните слоеви од атмосферата содржат кристали на замрзнат амонјак.Атмосферскиот состав е многу сличен на составот на сончевата маглина. Сатурн има сличен состав, но Уран и Нептун имаат многу помалку водород и хелиум.Атмосферскиот состав е многу сличен на составот на сончевата маглина. Сатурн има сличен состав, но Уран и Нептун имаат многу помалку водород и хелиум.Единствениот вселенски брод кој влегол во Јупитеровата атмосфера заради научни мерења е Галилео - вселенскиот брод. Тој прати атмосферска сонда во Јупитер по пристигнувањето во 1995, и подоцна и самиот влезе во Јупитеровата атмосфера и согоре во 2003.
Планета Јупитер |
Comments
Post a Comment