Posts

Астрономија

Image
Астрономијата  е наука која се занимава со проучување на природата и движењата на небесните тела:  планети ,  сателити ,  комети ,  астероиди ,  ѕвезди  и  галаксии .Љубопитноста на античките народи за денот и ноќта, Сонцето, Месечината и ѕвездите најпосле ги довела до набљудувања со кои небесните тела изгледале дека се движат по еден вообичаен терк. Ова движење се покажало од голема корист при дефинирањето на времето, локацијата и правците на Земјата. Астрономијата всушност потекнала од самите проблеми со кои се соочиле уште првите цивилизации. Античките народи имале потреба од воспоставување на вистинските периоди на садење и жнеење на житата како и за нивните ритуални и религиозни прослави. Движењето на небесните тела им помагало да го мерат времето при долгите патувања на вршење на стоковата размена. Најстарите пронајдени цртежи поврзани со небесните набљудувања датираат од пред 3000 година п.н.е. На самите цртежи кои биле нанесувани на коск...

Стивен Хокинг

Image
Стивен Вилијам Хокинг ,  ( англиски :  Stephen William Hawking ; роден на 8 јануари 1942 ) е англиски теориски физичар и  космолог  чии научни книги и јавни појавувања го направија академски позната личност. Тој е почесен пријател на кралското друштво на уметности, доживотен член на пaпската академија на науките   и во 2009 е награден со  претседателски медал на слободата , највисоката цивилна награда во  САД . Хокинг 30 години бил професор на математичката катедра во  Кембричкиот универзитет , превземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври, 2009.  Сега тој е директор на истражувачкиот центар за теориска космологија во одделот за применета математика и теориска физика на Кембричкиот универзитет. Тој е познат по своите придонеси во полето на  космологијата  и  квантната гравитација , особено во контекс на  црните дупки . Исто така, тој се здобил со успеси за неговата работа во полето на  популарна...

Слики од планети

Image
Јупитер Планета Сатурн Планета Меркур Планета Марс Планета Земја

Нептун

Image
Нептун  — осма и најоддалечена  планета  во  Сончевиот систем . Неа ја открил германскиот астроном  Јохан Готфрид Гале  во  1846  година. Освен овие податоци за Нептун не се знаело многу сè додека вселенската сонда „ Војаџер 2 “ не го посетила во  1989  година. Оваа светла сина топка речиси нема никакви површинси обележја. Во време кога ја фотографирал „Војаџер 2“, серија бури познати под името Големата темна дамка ( која подоцна исчезнала ) можела да се види како брзо се движи во насока спротивна на ротацијата на планетата. Нептун има свои прстени како и другите гасовити џинови. Постојат четири скоро невидливи прстени составени од темни парчиња мраз. Таа е четвртата најголема планета по  дијаметар  и трета по  маса ; Нептун има 17 пати поголема маса од Земјата и е нешто помасивен од блискиот  Уран , кој има маса од 14 Земјини маси, но е нешто помал поради поголемата густина. Планетата е именувана по  Нептун , ...

Марс

Марс  е четвртата  планета  од  Сонцето  со просечна оддалеченост од 227.940.000 км (1,52  АЕ ).Таа е наречена црвена  планета . Дијаметарот ѝ е 6794 км (речиси двојно помал од тој на Земјата), и е седма планета според големината. Марс ( грчки :  Арес ) е бог на војната. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, а понекогаш се нарекува и црвената планета. Првото  вселенско летало  кое го посетило е „ Mariner 4 “ во  1965 , по што следела уште серија други меѓу кои и  Mars 2 , првата  сонда  која слетала на Марс. Други поуспешни мисии на Марс се двете летала  Viking  од  1976 , како и  Mars Pathfinder  од  1997 . Орбитата  на Марс е значително елиптична. Тоа резултира со промена на  температурата  од 30 °C во  апхел  и  перихел .  Иако Марс е многу помал од  Земјата , копнената површина му е приближно иста како на Земја...

Меркур

Image
Меркур  — најмалата и најблиската планета до  Сонцето  од осумте  планети  во  Сончевиот систем , со  орбитален период  од околу 88  Земјени  денови. Гледана од Земјата, наликува како да се движи во својата  орбита  за околу 116 денови, што е многу побрзо од другите планети во Сончевиот систем. Нема познати  природни сателити .Планетата е именувана според  римското божество   Меркур , гласникот на боговите. Бидејќи скоро и да нема присуство на атмосфера која би ја задржувала топлината, Во  афел , Меркур е на растојание 1,5 пати поголемо од растојанието кога е во  перихел . Меркуровата површина е ишарана со кратери и е слична со онаа на  Месечината , што укажува дека истата не била геолошки активна со милијарди години. Планета Меркур Меркур е гравитационо сврзан и се врти на начин кој е единствен во Сончевиот систем. Гледан релативно во однос на  неподвижните ѕвезди , и ...

Сатурн

Image
Сатурн  е шестата планета од  Сонцето . Таа орбитира на околу 10  астрономски eдиници  од Сонцето и е втората по големина во  сончевиот систем  по  Јупитер . Сатурн е изграден претежно од разни гасови и е таканаречен  гасен џин . Познат е по својот систем на прстени, што се состојат главно од честички на мраз со помала количина на остатоци и  прав . Името го добил од  римската митологија  - Сатурн е бог на  земјоделството . Сродниот грчки бог  Кронос , бил син на  Уран  и  Гаја  и таткото  Зевс  (Јупитер).  Кристијан Хејгенс  во 1655 година е првиот кој сватил дека прстените не се цврсти, туку се составени од вселеснки отпадоци кои орбитираат околу планетата. Најширокиот и најсветлиот прстен е Прстен B, а Прстен А е подалеку и е поблед. Прстените се само 100м широки, што е навистина малку во спореба со нивниот радиус од 135.000км. во Прстенот А има тесна празнина наречена Encke's...