Млечен пат
Млечен Пат— спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако Млечен Пат е само една од милијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвотот и е дом на нашиот сончев систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон галактичкиот центар.
Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди.Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 милијарда години, или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една орбита околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км во секунда.Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 милијарда години. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу милијарда години.
![]() |
Графички приказ како изгледа нашата галаксија доколку се набљудува одозгора |
Comments
Post a Comment